Osteoporoza
Prijava dokumenta
Napomena: Neke opcije za prijavu su dostupne samo nakon kupovine dokumenta.
Универзитет Св.Кирил и Медотиј Скопје
Медицински факултет Скопје
Тригодишни стручни студии - дипломиран физиотерапевт
Здравствена едукација на
Остеопороза
Ментор Студент
Проф. Др. Силвана Николовска
Елена Ќосевска Бр. индекс- 536
Вовед
Остеопорозата е „тивка болест”. Остеопорозата е болест којашто се карактеризира со
ниска густина на коските и деградација на коскеното ткиво. Како што коските стануваат
се попорозни и покршливи, ризикот од фрактура
станува сè поголемдури и по најмал удар или при
извршувањето на вообичаени секојдневни
активности.
Вообичаено нема никакви симптоми додека не се
случи првата фрактура. Фрактурите, особено оние на
колковите и ‘рбетните пршлени, предизвикуваат
исклучително страдање, долготраен инвалидитет и
значително намален квалитет на живот. Не само што
голем процент од пациентите со скршеница на колк
имаат потреба од постојана нега, туку таквите
скршеници се и значителен фактор за смртност кај постарите лица. Остеопорозните
фрактури негативно влијаат на квалитетот на животот и често резултираат со болка,
губење на одредена функција, а во најлош случај и со смрт. Не смее да се запоставува
ниту влијанието од болеста на членовите од семејството, бидејќи и тие треба да
посветат време и енергија за да му помогнат на оној член од семејството кој ја загубил
својата самостојност.
“Глобална епидемија“. На глобално ниво, се проценува дека од остеопороза заболува
една од секои три жени и еден од секои пет мажи на возраст над 50 години. Во Европа,
во наредните 50 години, зголемувањето на старата популација ќе резултира со двојно
зголемен број на пациенти болни од остеопороза. Демографските студии исто така
покажуваат дека остеопорозата наскоро може да достигне и размери на епидемија во
земјите во развој. До 2050 година, се проценува дека една од две скршеници на колк
како резултат на остеопороза ќе се случува во Азија и Јужна Америка.
Детството и адолесценцијата се клучни периоди за
градење на коскена маса, во кои новата коскена
маса се формира побрзо отколку што се отстранува
старата, при што коските стануваат поголеми и
погусти. Со ова темпо се продолжува приближно до
средината 20-тите години од животот кога
вообичаено се достигнува максимална густина на
коскената маса. Губењето на коскеното ткиво вообичаено започнува приближно по 40-
тата година од животот.
Во текот на изминатите неколку декади, лекарите и научниците дојдоа до бројни
информации за факторите на ризик од остеопороза. Многу од тие фактори можат да
сенамалат индивидуално, додека оние кои не можат да се намалат по пат на промени
во начинот на живот, можат да бидат неутрализирани со преземање на мерки за
подобрување на здравјето на коските.

Ovaj materijal je namenjen za učenje i pripremu, ne za predaju.
Slični dokumenti